Не е за верување дека една од најубавите жени во светот има потреба од специјалист за љубовни врски. Може да е куриозитет, но е факт, Џенифер Анистон ја најмила Сандра Хармон како специјалист за љубовни врски.
Таа има задача да му помогне на нејзиниот свршеник Џастин Тероу да ја надмине фобијата кон бракот. Џенифер Анистон и Џастин Тероу се свршени повеќе од две години, оттогаш во медиумите постојано циркулираат шпекулации во врска со датумот на нивната свадба.
Според некои извори, 43 -годишниот Тероу бил сериозно загрижен од можноста да застане пред олтарот, иако неодамна тој лично во интервју изјавил дека е нестрплив исто колку и неговата свршеница да го направи тоа.
Повеќето терапевтски сеанси ќе бидат спроведени на интернет поради честите ангажмани на Џастин Тероу во Њујорк. Пријатели велат дека Џенифер Анистон очекува многу од тие сеанси. Таа се надева дека тие ќе му помогнат на Џастин, кој имал 14-годишна врска без брак со дизајнерката Хајди Бивенс, да ги надмине проблемите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.