| четврток, 6 декември 2018 |

Ловци на НАТО во блиска средба со руска ескадрила

NATO-Fighter-Jet-Presence-Triples-In-Baltic-StatesДвата германски ловци од типот „еурофајтер“ имале блиска средба со седум руски авиони над Балтичко Море во меѓународниот воздушен простор. Латвиската војска соопшти дека германски пилоти забележале два МИГ-31, еден сухој 27, два сухој 24 и два сухој 34. Ова е досега најсериозен инцидент во овие простори.

Германските авиони полетале од базата „Амари“ во Естонија каде што се дел од  мисијата на НАТО, а со руските ловци останале околу 25 минути.

Исто така, вчераутро два авиони на НАТО од типот „Ф-16“ пресретнале пет руски авиони над Балтикот, велат од латвиската војска. НАТО испрати свои сили за воздушна одбрана на Балтикот поради украинската криза. Германија сега има четири „еурофајтери“ и 160 војници во Естонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top