| четврток, 6 декември 2018 |

Трета фаза од експресниот пат Велес – Штип

avtopat stip skopje

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска ќе го означат почнувањето со градежни активности на третата фаза од експресниот пат Велес – Штип (до Кадрифаково).

Третата фаза е преку населените места Лозово – Сарамзалино – Кадрифаково со должина од 10,7 кимометри.

Градежните работи за реконструкција и рехабилитација на овој патен правец почнаа во октомври лани, а треба да биде готов до 2015 година.

Првата фаза од изградбата се одвиваше од клучката Велес до велешката депонија во должина од 4,7 километри. Втората е во должина од 8,9 километри, со што е реконструиран и проширен патот со нова трета лента до село Лозово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top