Четврток ќе донесе променливо време, но, сепак, со многу повеќе сончеви периоди за разлика од среда. Западниот, и крајниот источен регион ќе бидат малку пооблачни, за разлика од другите краишта. Зголемување на облачноста во поголем дел од земјата ќе има во текот на вечерта.
Денот ќе биде потопол во однос на среда. Според метеопро.мк, максимална температура на воздухот ќе достигне вредност 14 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Југозападниот регион ќе има максимална температура од 13 Целзиусови степени, а југоисточниот регион од 15 до 17 Целзиусови степени.
Во скопскиот регион се очекува променливо време, со подолги сончеви периоди. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 13 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


