
Турски војник е убиен денеска од страна на засега непознати напаѓачи во градот Дијарбекир во југоисточна Турција.
Војникот бил застрелан во пределот на главата, додека бил во шопинг со својата сопруга во центарот на Дијарбекир.
Напаѓачите успеале веднаш да побегаат од местото на нападот.
Војникот веднаш бил пренесен во болница, каде им подлегнал на здобиените повреди.
Полицијата и армијата веднаш преземаа мерки за пронаоѓање на сторителите.
Мината недела, тројца војници беа убиени во југоисточниот турски град Јуксекова во близината на Хакќари, при нападот извршен од сепаратистите од Курдската работничка партија (ПКК).
На крајот на 2012 година, турските власти започнаа преговори за мирно решавање на курдскиот конфликт со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор.
Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на борбите на ПКК за курдска автономија во Турција во 1984 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


