Земјите-членки на Европската унија денеска се согласија да распределат 647 милиони евра за поддршка на клучните приоритетни инфраструктурни проекти во енергетиката, јави дописникот на МИА од Брисел.
Најголемиот дел од поддршката оди на проекти за гас во регионот на Балтикот, како и и во Централна и Источна и Југоисточна Европа.
Финансирањето за оваа намена ќе дојде од Фондот за поврзување на Европа (ЦЕФ) за поддршка на проекти, со што ќе се зголеми енергетската безбедност на европскиот континент и ќе помогне да се стави крај на изолацијата на земјите-членки од ЕУ во широките енергетските мрежи.
Според ЕУ, ова исто така ќе придонесе за завршување на европскиот енергетски пазар и интеграција на обновливите извори на енергија на електричната мрежа.
– Ја поздравувам денешната одлука што ќе ни помогне брзо да се изгради инфраструктурата, оти ние треба да осигураме енергетска безбедност на Европа. Геополитичката криза ја истакна потребата да се подобри поврзувањето на енергетските мрежи. Ова е, исто така, од суштинско значење за интегрираниот енергетски пазар каде што потрошувачите ќе добијат најдобра вредност за своите пари – истакна потпретседателот на Европската комисија и еврокомесра за енергетика, Гинтер Етингер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.