| четврток, 6 декември 2018 |

Овие мажи се најдобар „материјал“ за врска

devojka i decko

Жените „паѓаат“ на лоши момци, но не засекогаш! Како што открива новото истражување, жените најчесто во раната животна фаза сакаат самоуверени и помалку зајадливо злобни момци, но за брак и долга врска бираат потполно поинакви мажи.

Поточно, како што созреваат жените се повеќе им се допаѓаат скромни мажи кои веруваат дека се романтични, верни и стабилни. Злобните момци подоцна ги доживуваат како арогантни и егоистични.

Во истражувањето кое што го водел др. Дарли Ван Тонгерен од Универзитетот во Мичиген, воочено е дека скромноста е таа што најмногу ја ценат жените. Психолозите појаснуваат дека скромноста е карактеристика на луѓе кои се способни да ги запостават своите желби за моќ и доминација, а тоа значи дека врската ќе ја стават на прво место.

Др. Ван Тонгерен истакнал, „Се стекнува впечаток дека скромноста е занемарен човечки квалитет, но очигледно не е така. Жените се повеќе увидуваат дека таквите мажи се најдобар „матерлијал“ за врска, затоа што не се себични и ја почитуваат партнерката“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top