| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ: Јазикот да си го прегризете, Путин не е болен!

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги негираше пишувањата на странски медиуми дека рускиот претседател, Владимир Путин сериозно е болен.

– Јазикот да си го прегризете. Се е во ред, рече Песков, јави руската агенција Тасс.

„Њујорк пост“ на 24 октомври објави вест повикувајќи се на неименуван извор, дека Путин има рак на панкреасот и оти наводно го лекува лекар од поранешната Источна Германија кого Путин го запознал додека за служел во Дрезден во КГБ.

Според некои гласини, како што пренесува „Њујорк тајмс“, на Путин му остануваат три години од животот и тој сака како Петар Велики и Сталин да ги прошири руските граници. Ова е причина, како што е наведено во текстот, за неговото брзање да изврши инвазија врз Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top