Многу намирници се рекламираат како здрави и диетални, а всушност тоа воопшто не се, па поради тоа и често се жалиме дека никако не можеме да ги симнеме килограмите, а за доручек секогаш јадеме мусли и овошен јогурт. Погледнете за кои популарни намирници многумина мислат дека се здрави и диетални, а всушност се спротивно од тоа.
Вода збогатена со витамини
Овие напитоци често се рекламираат како здрав додаток на исхраната, затоа што содржат многу витамини, минерали па дури и влакна. Меѓутоа вистината е дека би требало да се држите до обичната вода, затоа што овие напитоци често се прават со вештачки засладувачи, кои подеднакво не се здрави како и обичниот шеќер. Покрај тоа тука се често и вештачките ароми и боите.
Овошен јогурт
Комбинација од здрав јогур полн со пробиотици и свежо овошје – што може тука да биде нездраво? Луѓето кои се водат со оваа логика често прават грешка во исхраната, така што консумираат овошни јогурти без ограничување, а со нив го заменуваат и вистинското овошје. За жел вистината е дека во овие јогурти ќе пронајдете многу шеќери и непотребни калории. Многу подобра алтернатива е да направите свој овошен јогурт така што во блендер ќе си ставите овошје по желба и ќе го полиете со јогурт, а по желба може да додадете и малку мед.
Намирници со 0% масти
Намирниците без масти се вистински трик за луѓе кои сакаат да ослабнат, затоа што „без масти“ значи и „без калории“. Тоа доведува до претерување во консумирањето на овие намирници, а од друга страна недостатокот на мастите често го надополнуваат со додавање на непотребни шеќери, за вкусот да биде поубав. Подобро да јадете намирници со масти, но да водите сметка во врска со количината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.