Италијанскиот напаѓач Марио Балотели конечно ја затресе мрежата, откако синоќа го постигна израмнувачкиот гол за Ливерпул во Лига Купот против Свонси.
Според зборовите на хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен, на сите на „Енфилд“ им паднал камен од срце кога Балотели ја затресол мрежата.
– Ова е големо олеснување за сите нас. Знаевме дека е прашање на време кога Марио ќе постигне гол. Сите имаме доверба во него, навистина се труди и сè ке дојде на свое место. Кога конечно ќе постигнете гол, се оди полесно потоа – вели Ловрен.
Ливерпул со 2-1 го победи Свонси, а покрај Балотели, Дејан Ловрен беше вториот стрелец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.