| четврток, 6 декември 2018 |

Водач на култ од Израел осуден на 30 години затвор (видео)

goel racon

Водач на култ во Израел, 64 годишниот Гоел Рацон, кој имал 21 жена и повеќе од 30 деца и кои биле злоставувани, осуден е на 30 години затвор.

Судот во Тел Авив го прогласил за виновен затоа што ги злоставувал и ги силувал своите жени и ќерки. Жените и децата се пронајдените во неколку куќи во Тел Авив.

Многу од жените го имале неговото име или неговиот портрет истетовиран на нивните тела па дури и на лице. Сите деца имале некоја верзија од неговото име кое на еврејски значи „спасител“.

Рацон е уапсен уште во 2010 години кога јавноста за првпат слушнала за неговиот култ.

Една од неговите сопруги ја поздравила одлуката и пресудата на судот затоа што го спречиле неговото ширење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top