В петок (31 октомври) започнува циклусот Недела на современ шведски филм во Кинотеката на Македонија.
31 октомври (петок) 20:00 ч.
АВАЛОН
(Avalon)
Игран филм, Шведска
2012, 79 мин., колор, блуреј
Режија: Аксел Петерсен (Axel Petersen)
Сценарио: Аксел Петерсен (Axel Petersen)
Улоги: Јоханес Брост, Петер Карлберг, Леонорe Екстранд (Johannes Brost, Peter Carlberg, Leonore Ekstrand)
Јане е 60-годишен организатор на забави, кој настојува да отвори ноќен клуб за време на тенискиот турнир и се дружи со својата постара сестра Џеки, која е неодамна разведена. Кога случајно животот започнува да му оди надолу, тој е под притисок на луѓето кои се околу него и се обидува да најде излез.
1 ноември (сабота) 20:00 ч.
ЗАД СИНОТО НЕБО
(Himlen är oskyldigt blå)
Игран филм, Шведска
2010, 110 мин., колор, блуреј
Режија: Ханес Холм ( Hannes Holm)
Сценарио: Ханес Холм (Hannes Holm)
Улоги: Бил Скарсгард, Питер Дејл, Јозефин Љунгман (Bill Skarsgard, Peter Dale, Josefin Ljungman)
Мартин бега од својот агресивен татко алкохоличар и лете работи во ексклузивниот „Ројал јахт клаб“ во идиличниот архипелаг на Стокхолм во 1975 год. Мартин станува пријател со сопственикот на хотелот, Јоста, кој е голем плејбој и значајна личност во високото општество. Набргу Госта му станува идол на Мартин. Но, Јоста го заплеткува Мартин во еден од најголемите скандали во историјата на Шведска. Филмот е базиран врз вистинит настан.
2 ноември (недела) 20:00 ч.
ГОЛЕМИТЕ МОМЧИЊА СТАНАА БАНАНИ
(Big boys gone bananas)
Документарен филм, Шведска
2011, 90 мин., колор, блуреј
Режијa: Фредрик Гертен (Fredrik Gerten)
Улоги: Алекс Ривера, Алфонсо Алјенде (Аlex Rivera, Alfonso Allende)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.