Кино Шишка, Мунли рекордс (Moonlee Records,) Катаман (сите од Словенија) во соработка со МКЦ Скопје го најавуваат музичкиот маратон „Од Вардар до Триглав“. Музичкиот маратон предвидува есенска турнеја на три музички групи од три различни града и држави.
Тројката ТИ, Трус! (Trus!) и Д Џон (The John) настапија на 23 октомври во Кино Шишка – Љубљана, а вечерва, на 29 октомври настапуваат во КЦ Град – Белград, и утре, на 30 октомври ќе настапат во МКЦ, со тоа што програмата во Скопје ќе ја збогатат и The Noise Figures од Грција.
Концертниот циклус, музички маратон „од Вардар до Триглав“ е поддржан од Општина Љубљана и Министерство за Култура на Република Словенија.
Цена на билет чини 200 денари во претпродажба и 300 денари на денот на одржување на концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.