| четврток, 6 декември 2018 |

Паркер му донесе победа на шампионот Сан Антонио на премиерата во НБА

Тони Паркер уште еднаш беше клучен играч на шампионот Сан Антонио и со тројка во последната минута им донесе триумф на мамузите против Далас во премиерната ноќ на 69. издание на НБА лигата.

Сан Антонио победи со 101-100, а францускиот ас беше најефикасен со 23 поени. Тој погоди тројка при резултат 100-98 за Далас, што се покажа како клучен момент за исходот на мечот. Ману Џинобили уфрли 20 поени, а учинокот на легендарното трио на Сан Антонио го дополни Тим Данкан со 14 поени и 13 скока.

Tony Parker, Samuel Dalembert

Џејмс Харден го расипа кам-бекот на Коби Брајант за Лос Анџелес лејкерс, а Хјустон славеше убедливо со 108-90. Харден беше незадржлив со 32 поени, а Коби на спротивната страна беше најефикасен со 19 поени. Голем пех на мечот имаше дебитантот Рендл, кој мина со скршеница на ногата и ќе паузира подолго време.

Феноменален меч на отворањето на најсилната кошаркларска лига на светот одигра Антонио Дејвис за Њу Орлеанс. Репрезентативецот на САД постигна 26 поени, имаше и 17 скока, а му недостасуваше само една блокада за трипл-дабл учинок. Њу Орлеанс победи со 101-84 против Орландо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top