Без некоја поголема промена на времето и во среда. Сончевите периоди ќе ги има и во текот на овој ден, но, сепак, облачноста ќе преовладува. Претпладне дел од котлините ќе бидат покриени со слој на ниска облачност. Југот и истокот од земјава ќе имаат позначителна облачност, а во тие региони не се исклучува можноста за краткотрајно проврнување. Ќе дува сосема слаб ветер.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 12 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне 11 Целзиусови степени, а во југоисточниот регион 15 Целзиусови степени.
Во скопскиот регион денот ќе биде умерено облачен, со сончеви периоди. Наутро е можно пооблачно време со ниска облачност и магла. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 12 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


