Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДМПНЕ за Куманово Зоран Ѓорѓиевски и носителот на листата Драган Петковски се сретнаа со граѓаните од месната заедница „Благој Стефковски-Гојчо“, а Ѓорѓиевски им вети решавање на проблемот со сообраќајниот метеж.
– Во нашата програма предвидена е изградба на катна гаража, а воедно се планира и ревидирање на еднонасочниот сообраќај во овој дел од градот. Во програмата е предивдено и изградба на кружен тек помеѓу булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ – изјави Ѓорѓиевски.
Тој пред присутните граѓани презентираше и дел од проектите опфатени во изборната програма како што е доизградбата на стадион во Куманово, нова развојна индустриско економска зона која ќе допринесе за намалување на бројката на невработените.
– Воедно планираме да отвориме и канцеларија за идните инвеститори кои сакаат да инвестираат средства за мали и средни претпријатија и на тој начин да помогнат во намалување на бројката на невработените – додаде Ѓорѓиевски.
Претпладнево, Ѓорѓиевски со кандидатите за советници и носителот на листата остварија средба со граѓаните на Зелениот пазар. Кандидатот пред закупците на Зелениот пазар потенцираше дека ќе се доизгради пазарот, а воедно најави дека во програмата е опфатено и изградба на нов Зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“.
Тој пред закупците најави и намалување на цената за закупнината на тезгите, посочувајќи дека приротет во програмата им е економскиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.