| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Лекарите доброволци треба да се поддржат во борбата со еболата

obama1-1

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека здравствените работници, кои доброволно учествуваат во лекувањето пациенти заразени со ебола во западна Африка, заслужуваат пофалби и дека владината политика на карантин не треба да ги обесхрабрува во нивните напори за справување со болеста, пренесоа британските медиуми.

Обама за првапат се изјаснува за ова прашање откако гувернерите на Њујорк и Њу Џерси ги воведоа федералните правила на карантин за здравствените работници, кои се вратиле од западна Африка.

-При наметнувањето на мерките за карантин американските здравствени власти треба да се раководат од науката, а не од стравовите, рече претседателот.

Лекарите и медицинските сестри, кои работат како доброволци во западна Африка, треба да бидат поздравени и поддржани, рече Обама во Белата куќа.

-Овие луѓе тоа го прават во името на нашата безбедност, додаде Обама, цитиран од ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top