| четврток, 6 декември 2018 |

Хелен Мирен е ново, неретуширано лице на „Лореал“

helen miren

Британската актерка Хелен Мирен е ново заштитно лице на „Лореал Париз“ кој ја именува за нова амбасадорка на Велика Британија.

По моделите Карли Клос и актерката Наоми Вотс, кои беа двете последни лица на „Лореал“, како и Џулијан Мур и Џејн Фонда, оваа 69-годишна актерка ја продолжува низата на моќни жени во клубот на француската компанија.

helen miren1

– Јас не сум прекрасна. Никогаш не сум била прекрасна. Но, отсекогаш сум изгледала во ред и решена сум така и да остане – изјави Мирен.

Мирен донесе сосема нов пристап на марката, бидејќи сака да ги слави годините, а не да испраќа пораки против стареењето.

– Се надевам дека ќе ги инспирирам жените кон поголема самодоверба и љубов кон природниот изглед – изјави добитничката на „Оскар“, која бараше нејзините фотографии во кампањата да не бидат неретуширани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top