| четврток, 6 декември 2018 |

Над 20 рудари блокирани во Јужна Турција

655-402-aa

Над 20 рудари се блокирани под земја во рудникот за јаглен во јужна Турција по одронување предизвикано од експлозија, објавуваат турските медиуми.

Инцидентот се случил денеска во реонот на градот Ерменек, округот Караман, јавуваат  турските телевизиски канали НТВ и СНН – Турк.

Спасувачките екипи и амбулантни возила се испратени во регионот на инцидентот.

Според гувернерот на округот Мурат Коџи, причината е поплава од подземните води во една од галериите.

Кога се случил инцидентот, во рудникот имало околу 40 работници.

Во мај, 301 рудари загинаа во експлозија и пожар во рудник во Сома, Западна Турција. Тоа е најтешкиот ваков инцидент во историјата на земјата.

Турција е на трето место во светот по смртност на работното место, покажуваат податоците на Меѓународната организација за труд .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top