| четврток, 6 декември 2018 |

Две македонски компании добија европска награда за квалитет

адора

Две македонски компании добија европска награда за квалитет што ја доделува „Глобал трејд лидерс клуб“ во Париз. За квалитет во гастрономија, ресторанство и хотелиерство наградата ја доби „Хацат“, а за квалитет во градежништвото компанијата „Адора инженеринг“.

Компанијата „Хацат“ работи од 2001 година. Основна дејност ѝ е производство, дистрибуција на оброци и кетеринг. Дневно произведува и испорачува околу 4.800 оброци (појадоци, ручеци и вечери) за потребите на Клинички центар – Скопје. Снабдува и дистрибуира оброци и за неколку градежни компании. Има имплементирано ХАЦЦП  и ИСО90001. Вработува 74 лица.

„Адора  инженеринг“ е специјализирана за изградба и за проектирање луксузни станбено-комерцијално и резиденцијални згради. Од страна на СГС е меѓународно сертифицирана градежна компанија за квалитет ИСО 90001 : 2008 со јасно дефинирана политика за квалитет и ИСО 14001: 2004 за заштита на животната средина.

Наградата на компаниите им беше доделена од страна на генералниот секретар  на „Глобал трејд лидерс клуб“, Рикардо Росо Лопез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top