Американскиот реномиран весник „Њујорк пост“ објави сторија во која тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е тешко болен.
Според весникот, Путин боледувал од рак на панкреасот, многу агресивен вид на рак, од кој преживеале само осум проценти од заболените. Се лекувал кај лекар во Дрезден, кој имал 84 години и кого Путин го знаел од времето на поранашена ДДР. Официјална потврда за оваа информација на весникот нема.
Сепак, западните медиуми и без официјална потврда на широко ја пласираа приказната за болеста на Путин, при тоа образложувајќи дека токму поради болеста Путин го ослободил својот критичар Михаил Ходорковски и својот роденден го прославил во сибирската тајга, стотина километри од цивилизиацијата.
Полскиот весник „Факт“ пишува дека ракот е причина за агресивната политика на Путин во последните неколку месеци. Пред смртта сакал да воспостави големо руско царство кое ќе влезе во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.