| четврток, 6 декември 2018 |

Странци се „стрват“ на македонската кујна (фото)

Социјалните медиуми и другите отворени интернет платформи оставаат отворена можност да се искажат и пренесат задоволството, незадоволството, впечатоците од секакви прилики. Но и можност да се споделат искуства од различни ситуации. На пример, од патување. На пример, во Македонија. И на пример за храната во Македонија.

Дали оваа листа од „22 вкусни македонски јадења за кои би требало да знаете“ е поставена од наш сонародник или пак од некој посетител не е ниту важно. Важно е дека од описите и од фотографиите навистина „се огладнува“. И не е толку важно што тука, на Балканскиот полуостров за потеклото на некои јадења може да се дискутира до недоглед. Важно е дека се вкусни специјалитети кои може да ги задоволат вкусовите и на најпребирливите.

А секоја туристичка реклама е добредојдена. Вклучително и гастрономската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top