
Разголените фотографии на некогашната прва дама на САД, Жаклин Кенеди Оназис, кои во 1972-рата година предизвикаа скандал од светски размери, всушност биле дел од злобна кампања на нејзиниот втор сопруг, открива новата книга за ова семејство!
Џеки после смртта на Кенеди, се омажила за грчкиот тајкун, Аристотел Оназис, кој навистина дал сѐ од себе за да ја извалка честа на оваа икона на стилот на шеесетите години на дваесетиот век.
После додворувањата со различни подароци и изјави на љубов, грчкиот тајкин успеал и да ја освои Џеки, а тие двајца се венчале во 1968-мата година. Но, во текот на турболентниот четиригодишен брак, Аристотел не криел дека е во врска со оперската пејачка Марија Калас.
Медиумите ја нарекуваа Марија и неговата вистинска жена. Аристотел всушност по секоја цена своите врски во медиумите ги искористувал за да го извалка името и угледот на својата сопруга. Ова откритие ни го донесува авторот Кристофер Андерсен, кој наскоро во книгата “The Good Son: JFK Jr. and the Mother He Loved” ќе ни открие и многу тајни на ова семејство.
Книгата која се занимава со животот на синот на Џеки, меѓу другото говори и за тоа како Аристотел ја злоставувал Џеки и константно потенцирал дека е вдовица. Меѓутоа, моментот кој потполно го уништил нивниот однос се случил во 1972-рата година. Уморен од тоа што Џеки константно го обвинувала дека поради него медиумите ја нарушуваат нејзината приватност, грчкиот тајкун се решил да и се освети на својата жена во вистинска смисла на зборот.
Тој на фотографите им дал точно време и место каде можат да ја најдат неговата вдовица на плажите на островот Скорпиос. Фотографите ја завршиле својата работа одлично и веќе следниот ден во весниците се појавиле и фотографии од вдовицата на Кенеди – потполно гола. Џеки така го добила и прекарот – “грмушка од милион долари”.
После тоа, Аристотел поднел и барање за развод, иако ова бил само последен удар бидејќи нивниот брак од самиот почеток бил потполно дисфункционален, пишува авторот.
Тој тврди дека веднаш после венчавката, Аристотел ја оставил Џеки сама во период од две недели, кои наводно ги минал на службено патување. Тој исто така намерно ги повикал фотографите да го фотографираат како вечера со својата љубовница, а потоа и се пофалил дека е толку богат, но и моќен, што две моќни жени како Џеки и Марија ги “врти околу малиот прст”. Сепак, Аристотел не го дочекал својот развод бидејќи починал пред тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


