Едно неодамнешно истражување на Универзитет во Будимпешта претставено на Европскиот колеџ за неуропсихофармакологија, успеале да ја пронајдат врската помеѓу годишното време на раѓање и личноста, благодарение на конкретниот биолошки часовник и количината на дневна светлина во периодот на раѓање.
Зимските бебиња се најотпорни на емоционални шокови. Бебињата родени во лето се склони во промена на расположението и во заљубувањето, а родените во есен се имуни на депресија.
Пролет
Родените во пролет имаат таканаречен хипертермички темперамент, што ги прави повеќе позитивни во однос на луѓето родени во друго годишно време. Пролетните бебиња почесто покажуваат оптимизам, лесно го изразуваат својот ентузијазам и не е потребно долго време за да се „загреат“ за некоја идеја. Не се претерано склони кон депресија, а често поседуваат талент во некој вид уметност.
Лето
Луѓето родени во лето имаат циклотимичен темперамент, кој ги прави склони кон чести промени во расположението, и без да бидат предизвикани од нешто конкретно. Исто така се склони кон нервоза, а им се препишува и дека се многу заљубливи. Често го менуваат работното место и склони се кон конфликти.
Есен
И покрај дождовите и паѓањето на листовите, луѓето родени во есенските месеци најмалку се склони кон депресија. Иако не им се препишува премногу позитивен, туку повеќе рационален карактер, есенските деца имаа најмал ризик од настанување на ментално пореметување. Есенските деца се прилично физички активни.
Зима
Луѓето родени во зима се емотивно најстабилни и најотпорни на емоционалните стресови, а тоа се должи на количината на сонцето кое го „апсорбирале“ за време на мајчината бременост. Се водат со разумот пред чувствата, а се одликуваат со постојаност во своите ставови и во својата цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.