| четврток, 6 декември 2018 |

Моден викенд, четврти ден: Афирмирани домашни имиња и презентација на дизајнери од странство

Во однос на интернационалната соработка која ја интензивираше со модните недели и институции поврзани со модата од регионот, Моден викенд Скопје од оваа сезона „енергија “ добива и од „ЕВН Македонија“

На претпоследниот ден на десеттото издание на Моден викенд Скопје беа презентирани осум уникатни колекции на домашни и дизајнерски имиња од странство, вчеравечер во салонот „Ауди-Порше Македонија“.

marina

Српската дизајнерка Марина Миќановиќ, која на Моден викенд гостува по принцип на размена со дизајнери од српската модна недела од Нови Сад, ја отвори вечерта со колекцијата „Ритамот на асиметријата“. Акцентот на оваа колекција се здолништа со миди должина, кратки сакоа, асиметрични мантили со рамни кроеви и фустани, кои се погодни за носење во сите пригоди.

marina1

marina2

Во однос на интернационалната соработка која ја интензивираше со модните недели и институции поврзани со модата од регионот, Моден викенд Скопје од оваа сезона „енергија “ добива и од „ЕВН Македонија“.

unnamed

Вечерта продолжи со презентација на најновата колекција на „Ле бранд“ за пролет-лето 2015 година, за која дизајнерката Лили Кадинска ја пронајде инспирацијата во црното и белото, во контрастот, портокаловото како неопходна топлина и во потребата на општеството за контролирање на човечката природа. Креаторката Стефанија Насеска продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе „Кирилица“ за актуелната сезона – посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација.

kirilica

kirilica1

Никола Петровски традиционално со колекција за сеозна однапред , па така и вчеравечер ја презентираше колекцијата за пролет/лето 2015 година.

nikola

nikola1

Оливера Штакоска, која своето деби го имаше на априлското издание на Моден викенд годинава, вчера ја прикажа „Волнена приказна (Woolen story), составена од 20 модели, претежно палта и долги фустани, изработени од волна, памук и од кадифе.

olivera

olivera1

olivera2

На претпоследната вечер дебитираше младата Инес Шабан со колекција за актуелната сезона која ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност“.

Во соработка со „Модна ноќ Приштина (Prishtina fashion night) и по гостувањето на Мила Кадриу кај нив во април годинава, на десеттото издание на Моден викенд се претстави Флутура Дедиња со колекцијата наречена „Хороскоп“ составена од дванаесет модели кои симболично претставуваат по еден од хороскопските знаци.

dedidnja

dedinja1

Вечерта во салонот „Ауди-Порше Македонија“ ја затвори  колекцијата на Лидија Георгиева.

lidija1

 

– Судир на Европската и источната култура, зачинет со егзотичната моќ на шафран, куркума, кари, ѓумбир, во амбиент на декаденција на 20-тите години од минатиот век, се провлекува сугестија на Бомбај и Шангај и дискретна нота на рокенрол, својствен на стилот на брендот – вели за својата колекција Георгиева.

lidija

Во рамките на проектот „Зона 45“ за размена на дизајнери со Моден викенд Белград кој е во тек, Георгиева ја претстави својата колекција пред тамошната публика на 23 октомври.

Вечерва се затвора ревискиот дел на јубилејниот Моден викенд Скопје со ревијата на познатата српска дизајнерка Ивана Пиља во „Телеком иновацискиот центар“. Росица Мршиќ на 31 октомври ќе ја прикаже најновата колекција, но начинот на презентирање го остава како изненадување до самиот крај.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top