| четврток, 6 декември 2018 |

Австријците очекуваат влошување на економијата

австрија

Мнозинството Австријци очекуваат влошување на состојбата на економијата, поради што многумина планираат да штедат и на подароци за претстојниот Божик.

Истражувањето на  виенскиот неделник „Тренд“ покажува дека 51 отсто Австријци очекуваат дека наредните месеци да дојдат до влошување на општата економска состојба.

Една третина поради тоа планира да ги намали трошоците на подароци за Божик, а само седум отсто ќе ги зголемат трошоците предвидени за подароци.

Запрашани каде гледаат најголеми потенцијали за лично штедење 41 отсто навеле посети на угостителски објекти, а на второ место се трошоците за на одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top