| четврток, 6 декември 2018 |

Поради страв од ебола, се губи битката против маларијата која се лекува

TOPSHOTS-SPAIN-SIERRA LEONE-HEALTH-WAFRICA-EBOLA

Фатооумата Нафо-Траоре, експрерт за контрола на маларијата, тврди дека борбата против оваа болест е загорзена поради кризата која ја создаде еболата.

Нафо-Траоре го води партнертството за сузбивање на маларијата (РБМ) и, според неа, целиот фокус на здравствените работници е ставен на еболата.

Детските клиники кои некогаш биле полни со пациенти денес се празни бидејќи здравствените работници целиот свој труд го насочуваат во борбата против еболата, пишува „Би-Би-Си“.

Маларијата во 2012 година уби 7.000 лица во земјите кои денес се најмногу погодени од еболата. Маларијата предизвика 4.000 сметни случаи во Сиера Леоне во 2012 година, а во Либерија се забележани 2.000 случаи. Истата година во Гвинеја се забележани околу илјада смртни случаи.

Овие земји сега се борат против ебола, а Нафо-Траоре се плаши дека оваа болест ќе предизвика влошување на вкупната состојба поврзана за маларијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top