Жена од Шпанија е уапсена на аеродромот во Пунто Кани, во Доминиканската Република откако во стомакот ѝ биле пронајдени 55.500 евра, а во багажот уште 54.600 евра.
Уапсената жена е државјанка на Шпанија, по потекло од Доминиканска Република, која на аеродромот во Пунто Кани допатувала од Брисел.
Разузнавачките служби ги алармирале надлежните за доаѓањето на жената, како и тоа дека во стомакот има пари, спакувани во 16 кеси, што е потврдено на рендгенската снимка.
На патниците им е дозволено во Доминиканска Република без потврда да внесат до 10.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


