Русија вчера ги помести стрелките на часовникот еден час наназад и со тоа трајно го воведе зимското сметање на времето. Во исто време, Путин одлучи да го зголеми бројот на временски зони во земјата што се протега од Пацификот до Европската унија од 9 на 11.
Во последните три години Русија експериментираше со воведувањето трајно летно сметање на времето, но тоа се покажало како непопуларна мерка затоа што многу Руси негодувале што морале да се будат еден час порано во зима.
Некогашниот СССР во 1981 година го воведе летното сметање на времето, а во 2011 година тогашниот претседател Дмитри Медведев ги намали временските зони и реши да го примени летното сметање на времето преку целата година.
Поместувањето на стрелките двапати годишно го нарушува биоритамот на луѓето и ги вознемирува кравите, објаснил тогаш Медведев.
Меѓутоа, многу Руси на северот се жалат на живот во мрај затоа што бројот на часови под дневно светло им се многу малку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.