| четврток, 6 декември 2018 |

Извлекување за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna

Еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во износ од по 1.000 денари ќе бидат доделени на вечрашното извлекување на 11. коло од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чијшто приредувач е Државната лотарија на Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Во извлекувањето учестуваат сите пликови испратени за 11. коло со 20 фискални сметки со не постар датум од 15.11.2013 година. Фискалните се испраќаат во стандарден бел плик во кој треба да има посебен лист со податоците на испраќачот и на кој треба да биде напишана само адресата на организаторот на наградната игра.

Извлекувањето ќе се пренесува на МТВ1, а имињата на наградените  ќе бидат објевени во дневниот печат и на веб-страницата на Државна лотарија на Македонија во рок од три дена.

Досега во наградната игра  се доделени два стана, два деловни простора, 10 автомобили и 1.500 вредносни ваучери со исзнос од 60.000 до 1.000 денари, а извлекувањето за следното, 12. коло ќе се одржи на 24 ноември 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top