Во рамките на проектот “Креативен викенд” воселотоЛазарополе од 25-26 октомври 2014 по трет пат се одржа работилницата Кратки книжевни форми, работилница на која се пишуваа и презентираа неколку различни видови кратки форми на изразување меѓу кои кратки песни и каде авторите имаат можност да се соберат на едно прекрасно место заедно да работат, да се инспирираат, творат, пишуваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата .
Кратки книжевни форми е работилница наменета за поети, книжевници и сите љубители на краткиот пишан збор. Работилницата ќе се состои од кратки предавања и работни сесии (пишувањеи читање) на кои авторите меѓусебно ќе се запознаат, пишуваат, ќе ја презентираат својата поезија и ќе ја слушнат поезијата на другите поети. На работилницата ќе учествуваат Перо Сарџоскикој ќе изведе кратка работилница за преведување на поезија со осврт на техниките и нивоата на преводна еквиваленција при преведување на поезија од Ацо Шопов, потоа Васко Марковски со работилницата „Скриеното хаику“ на Орхан Вели, а Бобан Ристевски ќе има предавање „Мојот свет на окултизам“ на тема магијата во книжевноста и музиката. Учесници на овој креативен викенд покрај предавачите ќе бидат и Даниел Карески, Искра Донева, Олгица Станковска, Фросина Стојковска, Игор Ивановски, Живко Гроздановски. Координатори на проектот се Снежана Стојчевска и Тони Димитров, а домаќин Јован Ламбески.
Во моментов, македонската поетска сцена е во процес на оформување и созревање. Во такви услови потребата од собири каде ќе се пишува и презентира е и повеќе од потребна. Вмрежувањето помеѓу млади и надоаѓачки поети како и оние кои се веќе подолго време присутни на сцената и нивна взаемна соработка и размена на искуства е нужност. Оваа работилница ќе се обиде на едно место да собере поети и млади кои се заинтересирани за книжевноста и пишувањето, кои ќе работат, врз основа на што би се создала база за нивна понатамошна соработка на ниво на локална сцена. Ова е еден чекор кон креирање на своевидна поетска заедница која ќе ги има сите параметри на една здрава сцена која меѓусебно ќе комуницира и соработува во иднина.
Во прилог ви испраќаме и флаер и фотографии од минатите изданија за настанот. Би биле благодарни доколку вашиот медиум отстапи простор и објави вест за нашиот настан. За дополнителни информации слободно обратете ни се. Ви благодариме за отстапениот простор и време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


