| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовци ја избраа највредната домаќинка

IMG_4229-450x269

Во „Палма Мол“-Тетово, во организација на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“ кои се во сопственост на издавачката куќа “Колор Медиа“, вчера се оддржа настанот „Домаќинка на месецот“. Генерален покровител на овој настан беше компанијата „Подравка“, а учество зедоа 10 жени со своите специјалитети приготвени со „фант“.

Освен читателките на “Испрати рецепт“ за прв пат на овој настан учество зедоа и домаќинките од здруженитео “Вешти жени“ кои и во иднина ќе учествуваат на овие избори на “Домаќинка на месецот“.

 

УЧЕСНИЧКИ:

01. СРЕБРА СТОЈКОСКА– Тава „Ла тече“

02. МЕДИЈА ХАМДИ– Гулаш со фант

03 ДОБРИЛА БЛАЖЕВСКА–  Сечкана потпечена кокошка во тава

04. АСИЈЕ СЕЛМАНИ-Плескавици и ќофтиња со фант

05. ДАНИЕЛА ДИМИТРИЕСКА– Ќофтиња со сос и со кисело млеко

06. ХАТИЏЕ ИСЉАМИ– Сарма со кинеска зелка

07. ДУШИЦА ЈАКИМОВСКА ДИМОСКА– Имам бајалди

08.  РАНКА МИТЕВА– Кркуша (пилешко со печурки)

09. ПАВЛИНА ПЕТРУШЕВСКА– Месни коцки

10. БОНКА БОГОЕВСКА– Ролат со мелено месо

Сите домаќинки што учествуваа на настанот добија по еден пакет производи од „Подравка“ гравирани дрвени даски за сецкање од списанието“Испрати рецепт“, и пакет производи од дрогеријата “ДМ“. Со одлука на жирито,Сребра Стојковска од Тетово, Добрила Блажевска од Скопје и Медија Хамди од Тетово ги освоија првите три места. Победничките добија пакети производи од Подравка, кујнски прибор и садови за готвење подарок од “Колор Медиа„ и прекрасни чанти од “Паоло Бочели“. Следниот настан“Домаќинкана месецот ќе се оддржи следниот месец во Струмица. Водител на програмата беше Јована Стојменовиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top