| четврток, 6 декември 2018 |

За ДУИ медиумите биле „тенденциозни“ за пукањето во Кондово

Politika-slogani-81-dui-logoДУИ жали за петочниот инцидент во Кондово, општина Сарај, кога четворица завршија во болница. Партијата истовремено изразува длабоко жалење за начинот на известување и, како посочува „тенденциозното пренесување на веста“ за овој инцидент од медиумите во земјата.

„Во петок, структурите на ДУИ немаа ниту една партиска активност во Сарај, ниту пак огранокот имаше состанок или кој било кој од подограниците имаа состанок. Исто така, лицата вклучени во овој инцидент не се дел од избраните структури на огранокот во Сарај. Овој инцидент, на ниту еден начин не може да се поврзи со изборниот процес во структурите на ДУИ во подограноците и огранокот Сарај“, соопштуваат од партијата ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top