| четврток, 6 декември 2018 |

Иран ги обвини САД за помош на ИСИС

americka pomos kaj isisИранската армија ги обвини САД дека „и натаму ја потпомагаат ИСИС, односно за достава на оружје и медицинска опрема“. Од иранскиот Генералштаб тврдат дека коалициската војна против ИСИС е лажна. Неодамнешната акција во која се фрлаа оружје и лекови до оние кои се борат против ИСИС, за Иран е класично подметнување за јавноста.

-САД го контролира тој дел од небото и располага со сите разузнувачки податоци. Стигнувањето на таа помош до рацете на ИСИС никако не е случајно туку е целено делување- велат од Техеран. По акцијата на северот на Сирија за помоѓ на курдските борци, се појавија снимки на борци на ИСИС како ги отвораат кутиите со помош.

Американската армија соопшти дека всушност ветрот ги однел два падобрани со прикачени контејнери помош во насока на територијата контролирана од ИСИС, како и дека едниот контејнер бил уништен додека другиот бил запленет од џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top