| четврток, 6 декември 2018 |

Облачно и студено до 10 степени

есенПретежно облачно време се очекува во првиот дел од недела, попладне облачност постепено ќе се намалува со прогресија од запад кон исток. Можност за сосема слаб дожд ќе има во крајните источни делови од земјата.
Во текот на денот ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Во споредба со сабота, ветерот ќе биде значително ослабнат, пишува специјализираниот Метеопро.мк.

Утрото ќе биде студено, но и понатаму минималната вредност на температурата на воздухот останува во позитива и ќе има вредност околу 2°С. Минималната температура на повисоките места ќе се „спушти“ за околу 3°С под нулата.

Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 10°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 9°С, а во југоисточниот регион до 13°С.

Во Скопскиот регион денот ќе биде облачен и ветровит. Попладне ќе има тренд на намалување на облачноста и сончеви периоди. Минималната температура ќе се „спушти“ до 1°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 10°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top