Главниот адвокат на „Дојче банк” Калоджеро Гамбино се обесил во Њујорк, соопштува „Волстрит џурнал”. Тој бил откриен на 20 октомври од сопругата.
Гамбино (41), кој бил главен советник и извршен директор во компанијата, работел во германската банка 11 години.Лекарите и њујоршката полиција ja потврдиле верзијата за самоубиство, бидејќи не се откриени траги од насилна смрт. Не се објавени никакви можни причини за одлуката на адвокатот. Медиумите забележува дека тој имал непосредно учество во преговорите за правни прашања на банката, ја заштитува во врска со наводите за манипулирање на основната каматна стапка „либор“ а исто така и за прашања на девизните пазари . Во јануари годинава во својот дом во Лондон се обеси и шефот на одделот за оптимизација на ризикот и капиталот на „Дојче банк” Вилијам Броксмит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.