| четврток, 6 декември 2018 |

Пекинг: Затворени фабрики поради високото ниво на смог

SINGAPORE-ENVIRONMENT-HEALTH-HAZE

Времено затворање на фабриките во близина на кинеската престолнина Пекинг нареди вицепремиерот Џанг Гаоли, за да овозможи воздух без смог за средбата на лидерите на земјите од Азиската-тихоокеанска економска соработка.

Ова е најсериозната мерка преземена заради намалување на смогот пред формот, кој ќе се одржи од 7 до 11 ноември во Пекинг.

Џан потенцираше дека гарантирањето на квалитетот на воздухот за време на средбата на високо ниво е топ приоритет и покрај тоа што задачата претставува огромен предизвик.

Исто така ќе има стриктна контрола над превозните средства, а граѓаните се повикуваат да го користат градскиот транспорт. за да ги олеснат проблемите со загадувањето, Пекинг веќе објави дека државните службеници во Пекинг ќе добијат шестдневно отсуство од работа за време на средбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top