| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската берза отсега само со еден главен извршен директор

Македонската берза наместо девет, како што имаше досега, отсега ќе брои осум членови на Одборот на директори. Со одлуката за измени и доплнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори со што отсега одборот ќе биде составен од седум неизвршни и еден извршен член.

Со тоа извршниот член на Одборот на директори ќе биде главен извршен директор на Македонската берза и тој ќе ги извршува сите овластувања кои досега ги вршеше вториот извршен директор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top