| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот демонстрира моќ на Ел Класико, Реал – Барселона 3-1

Фудбалскиот крал од Мадрид, Реал; демонстрираше моќ во најважниот меч во сезоната, на популарното Ел Класико против лутиот ривал Барселона и победи со 3-1.

Почетокот на 169. дерби на двата тима почна со шок гол на Барселона во третата минута, а прецизен беше Нејмар. Во тој момент Барса ја подобри импресивната гол-разлика на 23-0 во првите девет кола од сезоната, но европскиот првак брзо се загреа и префрли во повисока брзина.

Кристијано Роналдо од пенал во 35. минута израмни на 1-1, а токму како што му доликува на најдобриот стрелец во Шпанија, Попртугалецот ја прекина серијата на Барса од 755 минути без примен гол. Роналдо по 16. пат се запиша во листата на стрелците за само девет рунди во новата сезона на Примера Дивизија.

kiki

Клучниот момент се случи во 50.минута кога Пепе со глава му донесе предност на Реал од 2-1, а Бензема само ја запешати победата на Реал со погодок во 61. минута.

Барселона остана лидер со 22 бода, пред Реал со 21 и Севилја со 19 и меч помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top