| четврток, 6 декември 2018 |

Барса прими гол гол по 755 минути, Роналдо го совлада Браво за 1-1

Барселона конечно прими гол по 755 минути игра во шпанското првенство, а мрежата на Каталонците ја затресе најдобриот стрелец во Примера, Кристијано Роналдо од пенал.

Во 35. минута Португалецот го постигна 16. гол во шампионатот на Шпанија со што израмни на 1-1, резултат што е активен по првото полувреме. Претходно Нејмар уште во третата минута и донесе предност на Барселона во Ел Класико, а асистент беше Луис Суарез, кој го игра првиот меч за Каталонците.

Kristijano-Ronaldo

Барселона до овој меч имаше 8 победи со гол разлика 22-0, а кој друг ако не Роналдо најдобриот стрелец во Шпанија ја начна мрежата на Браво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top