Пред поголемите маркети во 14. урбани заедници во општина Карпош, на штандовите на општината, граѓаните може да донираат трајни производи кои потоа ќе им се поделат на социјално загрозените семејства. Оваа хуманитарна акција се спроведува по 13-ти пат по повод роденденот на општината.
-Целта е сите граѓани кои што се хумани да одвојат барем еден производ при нивното пазарање од маркетите на територија на општина Карпош, за помош на семејствата кои имаат сериозни финансиски проблеми. Сметам дека Карпош е општина на солидарност, бидејќи е изградена со помош на солидарни средства од меѓународната заедница и таквиот начин на поддршка и хуманост треба да ја споделиме со семејствата на кои помошта од ваков тип им е најмногу потребна,изјави градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.
На територија на општина Карпош се евидентирани околу 180 семејства кои се на социјалните маргини на кои што во континуитет помага општина Карпош. Оваа помош што ја дава локалната власт е надополнување на социјалната заштита која што ја имаат од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми