![avtobus[19]](http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/03/avtobus19.jpg)
На повеќе локации во Скопје во текот на вчерашниот ден се случија неколку инциденти меѓу кои каменување автобуси на ЈСП и тепачки меѓу средношколци.
Како што соопшти МВР, во 11.10 часот вчера во Скопје на улица „Китка“ во СУГС „Браќа Миладиновци“, поради меѓусебно нетрпение настанала вербална расправија, а потоа и тепачка меѓу учениците Ф.Ѓ.(18) и Н.С.(19). Во тепачката тие се здобиле со видливи повреди.
Во скопското село Радишани, пак, околу 20.30 часот непознати лица каменувале автобус на ЈСП со број 47, при што се повредени патниците Б.Ј.(17) и А.Р.(19). Тие се пренесени во Ургентниот центар, каде што им е укажана лекарска помош, а се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот.
На булевар „Гоце Делчев“ синоќа околу 23 часот во Скопје непознати лица каменувале автобус на ЈСП со број 50, при што е скршено едно стакло. Во 10.30 часот вчера во полицијата на Бит-пазар, А.Д.(43) од Скопје пријавил дека на 2.3.2013 година, во 14.30 часот, на булевар „Никола Карев“ во близина на надвозникот кај Бит-пазар, автобус на ЈСП со број 61, бил сопрен од страна на пет до осум непознати лица, по што тој бил физички нападнат. Бил удиран со тупаници и клоци по лицето и телото, од што му биле нанесени телесни повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и за расчистување на инцидентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Инцидент во Гевгелија: Од кавга во дискотека до целоноќно бркање со обезбедувањето
-
Неколку инциденти кај „Веро Џамбо“, повредени малолетници, приведени девет лица


