Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон, соопшти дека екипите на Катархем и Марусија нема да се натпреваруваат на трката за Големата награда на САД, пренесе Макфакс.
„Ниту една од овие две екипи нема да оди во Америка“, потврдил Еклстон за агенцијата Ројтерс.
Британскиот тим Катерхем се наоѓа во стечај, додека рускиот тим Марусија покрај финансиските проблеми со кои се соочува е погоден од тешката несреќа на својот возач Жил Бјанки, кој сè уште се наоѓа во кома по тешките повреди на главата со кои се здоби на трката за ГН на Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката
-
Трагедија пред Божиќ: Во сообраќајна несреќа почина пријател на еден од најпознатите возачи на Формула 1
-
Синот на Шумахер ќе го вози шампионскиот болид на својот татко во Белгија
-
Убедливи на врвот: Нова „еден-два“ победа за Мерцедес