| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ го осуди нападот врз ЛГБТ заедницата во Старата чаршија

Фото: Телеграф

Од нападот врз ЛГБТ

Демократската обнова на Македонија денеска го осуди нападот врз ЛГБТ заедницата што се случи во Старата Чаршија при прославата на две години од отворањето на Инфо центарот.

Партијата бара Министерството за внатрешни работи да ги открие и казни сторителите за напад од омраза.

– Со тоа ќе се прати јасна порака дека вакво однесување не е прифатливо и дека Македонија е дом на сите нејзини граѓани што ги почитуваат законите, независно од потеклото и сексуалната ориентација, се наведува во соопштението од ДПМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top