| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен борец на ИД: Видов како ми ја убиваат жената во невестински фустан

kako-islamistite-gi-prisiluvaat-decata-da-se-borat-za-niv-188444

Поранешниот борец на Исламската држава, 15 годишниот Карем Муфлех открил како бил принуден да им се придружи на исламистите. Тие го дрогирале и му се заканиле дека ќе му ја отсечат главата.

-Видов како ми ја убиваат жената во невестински фустан и тоа бидејќи и беа откриени рацете и вратот, изјавил тој за CBS News.

Моментално Карем се наоѓа во затворот во Сирија откако во борбите го заробиле Курдите. Тој открил дека пред да се приклучи на борбите исламистите го присилувале да го пие лекот Золам, кој впрочем се користи против депресија и анксиозност.

-Од тој лек го губите умот. Доколку ви стават експлозив околу појасот и ви кажат да се разнесете, тогаш тоа ќе го направите, изјавил Карем.

Во борбите тој се здобил со три куршуми во пределот на стомакот. Курдите го заробиле пред девет месеци и со тоа му го спасиле животот. Но, Курдите го држат во затвор заедно со другите борци од ИСИЛ. Еден од нив, Сулејман Мохамед кој наводно поставил бомба во автомобил, бил многу исплашен кога му се доближиле американските новинари. Тој им кажал дека не може да збори бидејќи ќе го убијат.

Новинарката на CBS, Холи Вилијамс открила дека и биле потребни 10 дена за да влезе во затворот каде Курдите ги држат заробените борци на ИСИЛ, но не успеала да ги види просториите во кои ги држат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top