| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот со секира врз полицајците е „терористички чин“, оцени њујоршката полиција

njujork-_

Нападот со секира врз групата од четворица њујоршки полицајци беше „терористички чин“, што го изврши 32-годишниот Зејл Томпсон, кој неодамна преминал во ислам, изјави полицискиот комесар Бил Братон, на прес конференција.

Полицајците пешки патролирале кога еден фотограф, во четвртокот околу 14 часот по локално време, ги замолил да му позираат на улицата Квинс.

Томпсон притоа им  притрчал мафтајќи со секира, со која удрил еден од полицајците во десната рака, а потоа повторно замавнал и го удрил и вториот полицаец во глава, пред да биде убиен од останатите двајца полицајци.

-Една 29-годишна минувачка е ранета во инцидендот од заталкан куршум и сега, после операцијата, заздравува во болница, рече Братон.

Според соопштението на полицијата, Томпсон преминал во ислам пред две години, а неговите роднини го опишале како „повлечен и во последно време депресивен човек“, пренесоа агенциите.

Тој нема досие во њујоршката полиција, во но текот на 2003 и 2004 година шест пати бил апсен во Калифорнија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top