| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина се ранети во тепачка која избила на партиски состанок на ДУИ во Сарај

nova-jak

Петмина се ранети, а еден од нив е тешко повреден откако вчера вечер избила тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај, јави НОВА .

Според неофицијални информации пресметката се случила по несогласувања помеѓу приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети. Извори за НОВА велат дека настанот се случил околу 20 часот кога по вербалната расправија дел од присутните извадиле пиштоли и започнале да пукаат. Еден од петмината повредени е во животна опасност.

 Во болница е примено лицето Јакупи Зејди, викан Дади, и неговиот брат Јонуз Јакупи. Јакупи Јонуз е вработен во АРМ, а двајцата браќа се од Кондово. Тие биле од групата поддржувачи на поранешниот министер за правда Блерим Беџети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top