Напаѓач со огнено оружје отвори оган во гимназија во градот Мерисвил, во близина на Сиетл во САД.
Според американски медиуми, шест лица биле повредени. Напаѓачот е мртов.
Весникот „Сиетл тајмс“ наведува дека напаѓачот е ученик. Тој починал, откако самиот се застрелал.
Учениците од гимназијата „Пилчак“ се евакуираат од полицијата.
Ејн Дитрич, портпаролка на ФБИ во Сиетл, соопшти дека на помош на полицијата се упатиле и оперативци на агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



