Бугарската полиција приведе над 200 луѓе во акција спроведена во Софија со цел апсење странци со незаконски престој, јави БТА.
Во Софија е извршена проверка на 1.052 луѓе. Приведени се 206 меѓу кои седуммина за кои постои меѓународна потерница.
На 18 управители на објекти во бугарскиот главен град (хотели, хостели, трговски објекти) им е наложено да платат казни. Во државата претресени се 4.141 лица, најголем дел странци, нагласуваат од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


