| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Засилена офанзива против ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека операциите против Исламска држава во Ирак ќе бидат засилени.

Оланд додаде дека на таа група мора да и се нанесе „силен удар“.

– Темпото на нашите акции ќе биде засилено. Ние ги собравме сите неопходни информации, рече Оланд, коментирајќи ги француските операции против ИД во Ирак во рамки на воздушната кампања на коалицијата на чело со САД.

Ирачки претставници ги обвинија претходно екстремистите на ИД дека за време на минатомесечните борби против ирачките сили за безбедност и шиитските милиции северно од Багдад да употребат гас хлор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top